Османи ќе препорача Законот за фондации и здруженија да се испрати до Венецијанската комисија

од Nikola Popovski

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи на денешната прес-конференција со неговиот бугарски колега, Николај Милков, информира дека следниот месец во Скопје ќе се организира заеднички бизнис-форум меѓу двете земји.

-Ќе ги споиме бизнисите од двете земји со надежни институции за дополнително да ги идентификуваме потенцијалите за уште поголема економска соработка, рече Османи од Софија.

-Сакам да верувам дека заедно со колегата Милков ќе сториме се за да не дозволиме други да ни ја водат надворешната политика и други да ни ги кројат билатералните односи, туку ние двајца заедно со дипломатите од нашите министерства ќе продолжиме да градиме европска иднина за нашите граѓани, порача Османи меѓу другото.

Во однос на клубовите во двете земји, тој потенцира дека граѓаните имаат право да се здружуваат по секоја основа, но тоа мора да биде во духот на соработката и добрососедството.

-Законот чија цел беше да се одговори на моментот и да се спречи саботирање на заедниците од страна на чинители. Поради тоа што се оспорени одредени прашања во самиот Закон, јас ќе препорачам Владата да го прати Законот до Венецијанската комисија, за таа да каже дали има или не елементи кои што се спорни во тој, изјави Османи на новинарско прашање за измените на Законот за здруженија и фондации со контроверзни имиња.

Слични содржини