Османи: 2 август создава мостови кон иднината за внатрешно и надворешно поврзување (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Втори август – Илинден е важен ден во историски контекст за нашата земја; важен празник преку кој го негуваме значењето на вредностите на Крушевскиот манифест и Асномските заклучоци, кои заедно со Охридскиот рамковен договор ги вреднуваме како столбови во изградбата на нашата заедничка држава, вели во своето обраќање по повод 2 август министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Во современиот контекст, ова е празник кој создава мостови и за внатрешно и надворешно поврзување. Ние сме растени со идејата дека Илинден преставува паметник на заедништвото на народите кои живееле на овие простори; затоа денес со право очекуваме Илинден да прерасне во современик преку кој ќе ги одбележуваме заедничките историски вредности.

А денес сме исправени пред поинакви предизвици. Нашите стратешки интереси, уште од самото осамостојување на државата, се преточени во нашата амбиција за полноправно членство во Северноатлантската алијанса и Европската Унија. Успехот да станеме 30та земја членка на НАТО само ја потврдува нашата правилна патека да градиме заедништво и интеграција, следејќи ги вредностите кои ги симболизира и денешниот празник“, истакнува тој.

Слични содржини