Османи: Ахмети не учеше да ја сакаме Македонија како своја, не сме кираџии овде

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одговорајќи на прашањето на водителот на емисијата „Клик плус“, изјавил дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети секогаш инсистирал и ги учел да ја сакаат Македонија како своја.

„Ахмети не учеше да ја сакаме земјата како наша, ние сме тука во наша земја, не сме кираџии тука. Јас се борам како Министер за надворешни работи за оваа земја да биде дел од ЕУ, за сите граѓани на оваа земја да имаат подобар живот“, истакна Османи синоќа.

Тој додаде дека имаат одлична соработка со владеачката СДСМ.

„„Работиме заедно на многу проекти. Владата и коалицијата функционираат одлично. Со СДСМ функционираме одлично. Нормално е да има одредени разлики, но сепак соработката е одлична“, вели Османи, додавајќи дека не е важно дали со Министерството за финансии раководи Албанец или Македонец, или ДУИ или СДСМ, туку важно е што сите се согласуваат дека моменталното министерство за финансии е најпрофесионално досега.

Слични содржини