Османи: Бугарија не сака да го блокира целиот регион

од Nikola Popovski

„Во Бугарија прво треба да се формира влада. Тоа е клучно за понатамошниот прогрес на разликите, иако првично сметав дека и техничката влада може да одлучува во преговорите меѓу двете земји“, изјави денеска на прес-конференција, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој информира дека разговорите со Бугарија во овој период, не се прекинати, во однос на патоказот и одржувањето на втората меѓувладина конференција.

„Откако ќе се формира стабилна влада, ќе ги чуеме нивните ставови. Бугарија не сака да го блокира целиот регион. Германското и португалското претседателство со ЕУ покажаа дека има простор и предлози, се надеваме така ќе продолжи и под словенечкото. Ние работиме и сме конструктивни“, рече Османи.

Слични содржини