Османи: Бугарите во С.Македонија може да бидат внесени во Уставот како етничка заедница

Апослутно, Бугарите во С.Македонија треба да се чувствуваат како слободни граѓани и исто така можат да бидат дел од една своја колективна заедница, па ако е потребно ќе бидат внесени и во Уставот, порача шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

На новинарско прашање, Османи посочи и дека нема резерви во Уставот тие да бидат споменати како посебна етничка заедница.

„Немаме никаква резерва да бидат споменати како посебна етничка заедница, ако тоа им значи на било која страна“, истакна Османи.

Во однос на тоа дали тоа е побарано, Османи вели дека не и дека досега за тоа не е разговарано.

Инаку, Османи во средата, во врска со реакциите за правата на бугарската заедница во Македонија, побара претставниците на бугарските здруженија во земјава да ги контактираат пописните органи и да побараат соодветна графа во рамките на пописот, со цел, како што рече, утврдување на квантитативната, демографската и географска дистрибуција на оваа заедница, што според него, би придонело значајно при формирањето на идните политики и на Владата.

Слични содржини