Османи: Членството во Унијата не следува по дифолт, но ние го заслужуваме

од Nikola Popovski

Одлично поминавме со Фон дер Лајен. Доаѓање на претседателка на ЕК е голема работа, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи во гостувањето на емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, нејзината агенда е продолжување на поддшката на Западен Балкан.

-Пораката што таа ја носи е дека ЕУ е посветена за членство на регионот и дека тој пат е без алтернатива, кажа Османи.

Тој додава дека членството во Унијата не следува по дифолт.

-ЕУ е најелитниот и најбогатиот клуб на земји во светот. Ние имаме привилегија што ние дадена шанса како мала земја да имаме право на полноправно членство. Ние имаме посветено ветување дека еден ден ќе бидеме член на најбогатион клуб во светот и тоа не треба да го потцениме. Го заслужување почнувањето на преговори со Унијата, смета Османи.

Слични содржини