Османи: Димитров да се занимава со историја, а не со политика

од Stefanija Kuzmanovska

Ангел Димитров не е политичар, туку е историчар им му препорачувам да се занимава со историја, а не со политика, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање за коментар на тврдењето на Димитров дека земјава не се однесува како кандидат за членство во ЕУ.

Министерот Османи нагласи дека еден од основните принципи на Договорот со Бугарија е овие две работи да бидат поделени – политиката на политичарите, а историјата на историчарите.

„Ангел Димиров очигледно покажува некоја политичка амбиција, но, уште еднаш да кажам да се концентрира на следниот состанок на историската комисија, да се подготвува, бидејќи има кој да зборува за политиката“, рече Османи, по завршувањето на настанот на кој заедно со косовскиот амбасадор засадија 13 дрвја во знак на 13-годишнината од воспоставувањете на дипломатски односи меѓу двете земји.

Ангел Димитров денеска изјавил дека во моментов, Република Северна Македонија не се однесува како кандидат за членство во ЕУ. Тој е копретседавач од бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Слични содржини