Османи до бугарските власти: Ако сте имале очекување дека Комисиите за 2 години ќе имаат 100 средби, се разбира дека нема да сте задоволни

од Nikola Popovski

„Мораме да ја вратиме довербата. Направени се големи чекори во секторската соработка и сега поради одредени разлики што ги имаме, не чини да ги поништиме успесите“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи за емисијата „Студио 10“.

Според него, емоциите мора да бидат на страна и да продолжиме со рационалност во преговорите со Бугарија.

„За Бугарија е изгубена довербата во имплементацијата на Договорот за добрососедство, но ние ги отфрлуваме тие тврдења со наши аргументи. Ако сте имале очекување дека Комисиите за 2 години ќе имаат 100 средби, се разбира дека нема да сте задоволни“, вели Османи, додавајќи дека нема суштински разлики со Бугарија, туку само одредени разлики изгледа го отежнуваат процесот.

 

Слични содржини