Османи – Донфрид: С.Македонија ќе стане прва земја од Западен Балкан која отвара стратешки дијалог со САД

од Берта Китинска

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес оствари средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Карен Донфрид, која беше придружувана од заменик помошникот државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На средбата, министерот Османи изрази благодарност за континуираната поддршка од САД за реализација на нашите стратешки цели, притоа истакнувајќи ја значајната улога на нашите американски пријатели за постигнување на долгорочна стабилност, демократизација и просперитет на земјава и регионот како целина.

“Денес договоривме зајакнување на нашето стратешко партнерство преку претстојниот Стратешки дијалог меѓу Северна Македонија и САД, што ќе се одржи на 2-ри јуни, во Вашингтон. Нам ни претставува посебна чест што Северна Македонија ќе стане прва земја од Западен Балкан која отвара стратешки дијалог со САД, преку кој ќе се продлабочи нашето стратешко партнерство и поконкретно ќе се врами нашата билатералната соработка.” – истакна Османи.

Соговорниците се согласија дека војната во Украина демонстрираше јасна потреба и за внесување нова динамика во евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан, со што ќе се потврди кредибилноста на ЕУ и ќе се охрабрат процесите за надминување на разликите и помирување во Регионот.

“Процесот на проширување на ЕУ претставува безбедносна политика и оттука членството на регионот во Унијата е од суштинска важност за регионалната и европската безбедност и стабилност. Северна Македонија е европска земја и лојален партнер со значителен напредок во реформските процеси. Затоа, цениме дека сега е вистинското време за Европската унија да го исполни својот дел од задачата и да го деблокира нашиот пристапен процес преку усвојување на преговарачката и одржување на првата Меѓувладина конференција за време на Француското претседателство.”- нагласи Османи

На средбата страна збор и за актуелните безбедносни предизвици, при што беше упатена заедничка осуда на руската воена инвазија во Украина, како и силна поддршка и солидарност со украинскиот народ.

Слични содржини