Османи: Двајца искусни дипломати се во Софија каде ќе помогнат во процесот на идентификација на жртвите

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи информира дека процесот на идентификација на жртвите е во тек, а по негово завршување ќе следи организирана постапка за пренос на телата на починатите.

-Не знам дали трагедиите можат да се мерат по големина но денес е навистина тажен ден. Верувам дека сите ние денес живееме еден од најтажните денови во поновата историја на земјата, рече Османи вечерва на заедничка прес-конференција во Владата со министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Тој потоа информираше и за активностите на МНР.

-Дадов насока да се пратат двајца искусни дипломати во Софија кои се веќе таму во нашата амбасада во Софија да понуди помош на граѓаните во процесот на идентификацијата. Се активираше работна група која ќе ги координира активностите поврзани со оваа голема трагедија. Веднаш се направија измени на ковид протоколите, односно семејствата можеа да патуваат во Бугарија без било какви протокол, истакна Османи, кој додаде дека и утре ќе продолжат со активностите.

Слични содржини