Османи: Еден член на историската комисија се повлекол, тема на разговор беше цар Самуил

од Nikola Popovski

МНР е во координацијата во процесот на разговори кон Бугарија. Во однос на мешовитата историска комисија, членовите имаат договор со ресорното министерство, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи за средбата меѓу двете историски комисии од Македонија и Бугарија.

-Тој е односот. Никогаш не сме се мешале во работата. Финансиски го поддржувам, но не сме правеле притисок во одлуките што ги носат членовите. Ги охрабрувам процесот да продолжи, рече Османи, откако беше објавено во јавноста дека еден од членовите на комисијата се повлекол од работата поради наводен притисок од висок функционер на МНР.

Османи информира дека тема вчера на Комисијата бил цар Самуил и неговото присуство во учебниците.

-Еден член се повлече од Комисијата, но таа продолжува со работа, има уште 6 членови. Се уште немам доволно информации зошто е тоа така, но веднаш после прес-конференцијава ќе се распрашам. Изразив револт и сум разочаран зошто ова не беше состанок со физичко присуство, но важно е Комисијата да продолжи со работата, потенцира Османи.

Слични содржини