Османи: Европската индина е единствен рецепт за превенција од ретроградните политички тенденции на Балканот

од Vladimir Zorba

„Кога зборуваме за европската иднина на Северна Македонија – најпрво мислиме на младите генерации кои имаат право на подобар живот и пристојни услови да останат да творат во својата земја. Европската индина е единствен рецепт за превенција од ретроградните политички тенденции на Балканот – единствениот одговор на предизвиците за помирување и градење на просперитет и стабилност“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на неформалниот состанок за Советот на Европската Унија за општи работи – ГАК, посочувајќи дека процесот на проширување треба да биде силно вклучен во дебатата за иднината на Европа.

Османи на состанокот се осврна на силната стратешка определеност на Република Северна Македонија за својата европска иднина, придонесувајќи притоа позитивно и кон европските перспективи на целиот регион.

Слични содржини