Османи: Францускиот предлог е добар, ако не прифатиме илјадници ќе заминат од државата

од Берта Китинска

Ги убедивме 26-земји членки да ја прифатат нашата верзија со дозвола на Бугарија, рече министерот за надоврешни работи Бујар Османи.

„Пропагандистите велат ова е слепа улица, ќе се бугаризираме, но тука сме да ги демонтираме таквите наративи. Слушнав варијанти дека имало фусноти, квалификации. 90 отсто од времето беше да се затвои припрашањето за јазикот. Во ЕУ досега никогаш не е потпишан европски документ во кој стои македонски јазик. Најважната позиција на Бугарија беше да нема macedonian lenguage во ЕУ. Нека го задржат како сакаат ставот, но не смее ЕУ да прифати став на Бугарија“, објасни Османи.

Најголемата разлика помеѓу новиот и стариот француски предлог е тоа што македонскиот јазик останува заштитен во ЕУ и хронолошки биле отфрлани предлозите „јазик на Северна Македонија“, „јазик согласно Уставот“ и фуснота со ѕвездичка дека македонски јазик за Бугарија е неприфатливо.

Според него овој предлог е добар.

„Овој е добар предлог, кој ни го отвора патот да го фатиме возот кон ЕУ. Ако не почнеме, Албанија ќе почне со преговори, Бугарија ќе оди на избори, ова прашање ќе заглави, ние ќе влегуваме во кризи, ќе бегаат луѓето од овде. Ако кажеме не, ако Албанија ги почне преговорите, верувајте илјадници ќе заминат од државата, ќе почнат тензии меѓуетнички, ќе ја имаме најголемата криза со храна и енергија“ – рече Османи.

Слични содржини