Османи: Гласачите не можат да бидат насочувани од партиите, сами ќе одлучат за градоначалниците

од Берта Китинска

Гласачите не можат да бидат насочувани од партиите во поглем степен, гласачите се еманципирани во Тетово, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во Утрински брифинг  во врска со резултатие од првиот изборен круг каде во Тетово ДУИ е во судир со Беса кој е владин коалициски партнер.

– Алијанса имаа лош кандидат, а граѓаните знаат, сега се се сведува на профилот на кандидатот и очекуваме дека Арифи ќе добие. Да, сме разговарале со СДСМ, но пред избори се договоривме дека сами ќе излеземе на избори и ќе оставиме граѓаните самите да одлучат, вели Османи.

Во однос на состојбата во главниот град, Османи коментира:

-Во Скопје имаме одличен резултат, имаме над 26.000 гласови. Ако ги гледате бројките по избирачки места колку имаме ние гласови толку добил и Шилегов. Мислам дека втор круг не е континуитет на првиот туку се почнува од нула. Тогаш граѓаните повеќе размислуваат за кого ќе го дадат гласот кога има само двајца кандидати а не 12. Мислам дека постои можност во Скопје и двајцата кандидати да победат, но ќе одлучат скопјани. Во Чаир за триста гласа не победивме во прв круг, а и во Арачиново очекуваме победа бидејќи имаме одличен кандидат, вели Османи.

Слични содржини