Османи и Филипче остануваат 14 дена во изолација

од Берта Китинска

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче остануваат 14 дена во изолација.

-За време на присуството на состанокот во Куманово, ги имав превземено сите заштитни мерки, затоа првично изјавив дека во изолација ќе останам до вторник односно 7 дена.Но, по анализата  и препораките на ДЗС бидејќи на момент кога сум давал изјава не ми била ставена маската, мојата изолација се продолжува на 14 дена, изјави Османи.

И министерот за здравство најави дека ќе биде во изолација 14 дена.

-Ќе останам 14 дена во изолација иако мал е ризикот,  но и на мал ризик треба да се пристапи сериозно, но и како пример за граѓаните ќе ги применам истите мерки, изјави Филипче.

Слични содржини