Османи и Милков положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски

од Nikola Popovski

Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков положија свежо цвеќе пред споменикот кај универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

-Убава прилика да ги разгледаме просториите и изложба на дела од еминентни ликовни уметници на кои е претставен Св. Климент Охридскин. Положувајќи цвеќе пред споменикот, заеднички оддадовме почит кон ликот и делото на Св. Климент Охридски, кој воедно е патрон на Националната и универзитетската библиотека во Скопје, објави Османи.

При прошетката низ просториите, министрите имаа можност да ја разгледаат богата колекција на уметнички дела – изложба посветена на 50-годишнината од пуштањето во употреба на специјалниот наменски објект на НУБ „Св. Климент Охридски“, дело на архитектот Петар Муличковски, како и изложба на дела од еминентни ликовни уметници на кои е претставен Св. Климент Охридски од колекцијата на Климе Коробар.

Слични содржини