Османи и Шекеринска на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО Алијансата

Попаднево, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, учествуваа на видео состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО.

Покрај министрите за одбрана и оние за надворешни работи, на овој совет учествуваат и државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, како и секретарот за одбрана, Лојд Остин, како и Јенс Столтенберг.

„Започна состанокот на НАТО министрите за одбрана и за надворешни работи. Со генералниот секретар Столтенберг и колегите од земјите членки на НАТО, ќе дискутираме за заедничките приоритети на НАТО сојузниците во глобалната безбедност, за Авганистан, за руските активности насочени кон Украина, за агендата #NATO2030 и за подготовките за Самитот на Алијансата.#WeAreNATO“, истакна Шекеринска на својот фејсбук профил.

Османи, пак, истакна дека ќе се разговара за колективната безбедност и за актуелни меѓународни теми.

„Една од централните теми на денешниот состанокот е мировниот процес и иднината на Авганистан, како што веќе најави Генералниот секретар Столтенберг, почитувајќи го принципот „Влеговме заедно, го прилагодиме присуството заедно и исто така ќе заминеме заедно“. Очекувано ќе бидат отворени и други актуелни теми врзани за нашата колективна безбедност, со посебен фокус кон последните случувања во и околу Украина, но и подготовка за претстојниот НАТО самит“, се вели во фејсбук објавата на Османи.

Слични содржини