Османи: Идеите што ги донесоа Вархеји и Силва се добра основа за решение

од Nikola Popovski

„С. Македонија е 20 години успешна во имплементација на сите реформи за влез во ЕУ и 16 години сме од добивањето на статусот за кандидат земја-членка на ЕУ“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната прес-конференција со министрите за надворешни работи на Австрија, Словенија и на Чешка – Александер Шаленберг, Анже Логар и Јакуб Кулханек.

Според него, С. Македонија е симбол за кредибилноста на европската идеја.

„Вчерашните сет идеи што ги донесоа Вархеји и Силва се добра основа за решение. Португалското претседателство го стави високо на агендата, проширувањето на ЕУ и нашите амбиции. Тоа вчера беше финално решение за надминување на разликите со Бугарија. Испраќаме добра волја. Роковите се кратки, но сите предлози што ќе ја зајакнат довербата меѓу нас се добредојдени. Сепак, не би сакал да навлегувам во деталите што вчера португалското претседателство ги донесе во земјава. Јунскиот самит е неповторлива шанса“, потенцира Османи.

Слични содржини