Османи: Има доволно елементи во овој француски предлог за да ги почнеме преговорите

од Берта Китинска

Ние сега имаме рамка во која што има чист македонски јазик, кој што станува официјален јазик на ЕУ, без никакви квалификации, додавки, придавки итн, тврди министерот за надворешни работи Бугар Османи во вечерашната Топ Тема на Телма. Вели дека после повеќе децении комплетно се затвара прашањето за македонскиот јазик и тоа повеќе никој нема да може да го оспори.

-Мислам дека тоа е најголемата придобивка, мислам дека тоа е најголемиот успех во овој процес. и тоа почнувајќи од позиција на Бугарија дека воопшто не треба да го има во рамката за потоа да се нарекува официјален јазик на рсм, мислам дека е тоа многу важно. Бидејќи тоа консумираше најголем дел од енергијата, тоа ни беше мандатот од собранието, тоа ни беше барање од граѓаните, дека идентитетски прашања, прашањето за јазикот нема да дозволиме да се прифатат. и затоа најголемата победа на овој предлог е што се затвори засекогаш прашањето на меѓународното оспорување на јазикот, рече Османи.

Османи вели дека Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија отсекогаш биле дел од преговарачката рамка, но протоколот како засебен документ не е веќе дел од рамката.

-Ниту протоколот, ниту отварање го нема во новиот пакет на француското претседателство, бугарија бараше поглавје посебно и тоа го аргументираше со преседан. За да на последниот предлог имаше во делот на оние фундаментални прашања, каде што се патоказите, одредниците, единствено имаше акциски план за човекови права, кој што апсолутно не е спорен, кој што е обврска, копенхашки критериум за секоја држава. комисијата е таа што прави проценка дали во државата се почитуваат човековите права, а ние сме најсилни во делот на човекови права, малцински права, колективни права. нема ништо спорно во тој дел, вели Османи.

Министерот за надворешни работи смета дека има доволно елементи во овој француски предлог да ги почнеме преговорите и државата конечно да започне неповратно да чекори во овој процес.

Слични содржини