Османи: Имаме недвојбена поддршка од сите земји членки, останува прашањето со Бугарија

од Берта Китинска

Денеска имаше рекаиција  и од страна на Амбасадата на Холандија исто така имаше и став од министерот за надворешни работи од холандскиот парламент која ја објасни поддршката на  Холандија кон Република Северна Македонија за почеток на преговорите за ЕУ, и во делот на надминување на разликите и реформскиот пат имаме недвојбена поддршка од сите земји членки останува да разговараме само со Бугарија, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на прашањето за тоа дали е вистина дека   Холандија го  поддржува бугарското вето која беше објавена бугарскиот весник „24 Часа“.

Денеска Холандската амбасада лажни ги оцени информациите дека Холандија ја поддржала Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија.

-Холандија сметаше и се уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом ќе се усвои преговарачката рамка, се вели во реакцијата од холандската амбасада во Скопје.

Бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, денеска објави вест во која се тврдеше дека Данска и Холандија се двете земји кои се приклучија кон бугарското вето за Северна Македонија.

Слични содржини