Османи: Истите кои го критикуваа, сега аплаудираат и го прифаќаат францускиот предлог

од Берта Китинска

Што побрзо да се даде шанса на овој проект. Имаше толку лажни вести и пропаганди поради непознавањето на проблематиката, без да се прочита документот и се дава мислења, кажа во „Студио 10“, министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Време е да се рационализира и да се каже што е проблемот. Истите кои го критикуваат, сега аплаудираат и го прифаќаат. Ваква дебата сега очекувам на консултациите. Рационална дебата, не дебата на емоции и личните позиции, рече Османи.

Тој посочува дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во ЕУ штом влеземе во ЕУ, „Бугарија во тој момент прифаќа дека македонскиот јазик чист каков таков станува службен јазик во ЕУ“.

-Ова не е мени на ресторан, си има правила на ЕУ, нема ништо различно од српскиот јазик што го има во својата рамка, хрватскиот јазик во својата рмака, на ЕУ не може да и се менуваат правилата. Ова е на ЕУ рамка не е на Бугарија.Рамката ги уредува односите помеѓу нас и 27-те членки, кажа Османи.

Слични содржини