Османи: Јa осветливме зградата на МНР во боите на американското знаме

од Nikola Popovski

По повод 26 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД, ја изложивме Декларацијата за стратешко партнерство заедно со знамињата на двете земји и ја осветливме зградата на Министерството за надворешни работи во боите на американското знаме, информира вечерва министерот Бујар Османи.

Тој потенцира дека високо ја цениме континуираната поддршка на САД за остварување на нашите стратешки цели и остануваме посветени на заложбата за зајакнување на стратешкото партнерство и унапредување на билатералните односи и соработка меѓу двете земји.

На 13 септември 1995, тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон ја објави коресподенцијата со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров со која се потврдува одлуката на САД за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, само две години по отворањето на Канцеларијата за врски на Америка во Скопје.

Слични содржини