Османи: Лекот со Бугарија е намалување на јазот на комуникација

од Aleksandar Petrovski

Министерот за надворешни работи во Македонија Бујар Османи на ТВ21 посочи дека по договорот со Бугарија за добрососедство има напредок и во историските и политичките интерпретации.

„Не мислам дека овој начин на комуникација е решение, прво поради формата затоа што политичар и новинар разговараат за дијагностицирање на историските прашања, затоа ние во договорот сме решиле – тоа да го оставиме на историчарите, научниците за да можеме тие две патишта да ги одвориме, бидејќи додека беа споени не напредуваше ниту една агенда, откако ги раздвоивме во 2017 година има напредок“, посочи Османи.

Османи посочи дека лекот со Бугарија е намалување на јазолот на комуникација.

„Нашата комуникација и соработката беше жртва како и секој друг општествен процес и на пандемијата, но и на изборите, и недостаток на комуникација обично го создава тој јаз којшто потоа се пополнува или со недоразбирања или пак со некој туѓи агенди. Јас мислам дека тоа е лекот во вакви случаи е секогаш да го намалиме јазот на комуникација, да воспоставиме комуникација и тогаш да го процениме просторот кој ни е на располагање да најдеме решение“, посочи Бујар Османи.

Слични содржини