Османи: Меркел потврди дека Северна Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија сподели дека канцеларката Ангела Меркел на денешната средба го потврдила ставот дека Северна Македонија ги испорача обврските и поради тоа ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година

„Канцеларката Меркел го потврди ставот кој веќе претходно го пренесоа и Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, но и Високата претставничка на ЕУ, Могерини, Еврокомесарот за проширување Хан, известувачот Вајгел итн., сите го потврдуваат ставот дека Република Северна Македонија претставува светла точка на Балканот, пример за тоа како се градат односите со соседите, пример за тоа како се затвораат и внатрешните прашања, како се негуваат стабилни меѓуетнички односи, но и пример за тоа како се испорачува реформски напредок. Според тоа, ставот кој сите го повторуваат е дека земјава ги испорача обврските и поради тоа ќе ги започне преговорите со ЕУ оваа година“, истакна Османи,

Тој посочи дека денес добиле цврсто уверување од страна на Канцеларката Меркел дека германскиот Бундестаг ќе го разгледа извештајот на Европската Комисија на сесијата во септември и ќе ѝ обезбеди зелено светло на Владата да ја поддржи препораката на Комисијата за старт на преговорите со Република Северна Македонија.

Слични содржини