Османи: Миленковски бил проблематичен, неколку пати бил преместуван

од Берта Китинска

Ние немаме начин со кој ќе може да провериме дели за некој дипломат се води истрага. Со ветингот ќе има ресертифицирање каде за добивање на овој документ се прават проверки од АНБ, во ДБК одат на интервју. Миле Миленковски добил сертификат со валидност од 5 години во 2019 година до 2024 со тоа имла право да има пристап до документите, објасни денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој напомена дека со ветингот ќе бара НАТО сертификати за сите дипломати и амбасадори.

-Затоа за раковдителите и одерени личност кои имат сензитивни позиции барам да имаат НАТО сертификати за да ги задржат позициите , а НАТО занчи плус покрај домашната проверка да имаат и НАТО проверка, објасни Османи.

Тој соопшти дека уште двајца дипломати се суспендирани едниот од нив е во пензија, а другиот на годишен одмор.Османи  призна дека системот во МНР имал слабости, но не биле отсега туку од времето на претходната власт и вети дека ќе го обели образот на дипломатијата.

– Уште во 2009 година година, кога МНР го водел Антонио Милошоски, овој дипломат бил испратен во Детроит, од 2012 година бил преместен во Вашингтон, па повторно преместен во Чикаго. Потоа се враќа дома, па повторно на мисија. Информациите говорат дека тој бил проблематичен, сега само што прочитав. Бил преместен од Детроит во Вашингтон поради кавга со амбасадор, потоа повторно поради кавга бил преместен. Очигледно системот со години имал слабости и тоа треба да го исправиме и да го сочуваме достоинството на оваа важна служба. Ве молам да не генерализирате  дипломатијата со една група криминалци кои ја злоупотребиле својата должност, објасни министерот.

Слични содржини