Османи: Мојата посета на ДКСК не значи притисок врз институцијата

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот Бујар Османи на прес-конференција со претседателката на Државната Комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска се заблагодари на институцијата за нивната работа во изминатиот период и додаде дека со посетата не врши притисок врз институцијата.

На средбата, која била по барање на Османи, се разговарало за три точки.

– Имавме конструктивна средба. Разговаравме за придонесот на Комисијата за борба против корупцијта во периодот кој следи за добивање на безусловната препорака за старт на преговите со ЕУ, улогата на Комисијата за фер и демократски избори и што прави Владата за ДКСК да ги има сите капацитети за да се бори против корупцијта, изјави Вицепремиерот.

Ивановска од своја страна изјави дека ги споделила плановите за следење на изборната кампања и финансирањето на партиите и изрази жалење дека се уште не е изгласан изборниот законик.

– Ги кажавме нашите планови за следење на изборната кампања и финансирањето на партиите. Жалиме поради тоа што уште не е изгласан изборниот законик. Ова го правиме во интерес на државата, се со цел да покажеме подготвеност пред Европската унија, изјави Ивановска.

Османи смета декa оваа средба не е никаков притисок врз Државната комисија за спречување на корупција.

– Мојата улога е да ги координирам сите институции за нашата европска агенда, вели тој.

Османи ја најави и неговата посета на Париз, со цел да ги слушне новите ставови. Тој смета дека Франција има помек став со оглед на последните изјави на претседателот Емануел Макрон.

И.Р.

Слични содржини