Османи на продолжението на 11-тата Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, 23-ти февруари 2023 ќе учествува и ќе се обрати на 11-тата Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

За време на престојот во Њујорк воедно ќе реализира и низа билатерални средби со министрите за надворешни работи на: Естонија, Унгарија, Холандија, како и со Розмари Ди Карло – потсекретар на Обединети нации за политичко-безбедносни работи.

Министерот Османи во своето обраќање пред ГС на ОН ќе стави акцент на воената агресија на Русија врз Украина, со барање да запре војната и страдањата на луѓето, а ќе се осврне и на главните приоритети и досегашните активности во реализирањето на Програмата на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, особено на зголемување на сигурноста и безбедноста на граѓаните, во контекст на нашето мото „за луѓето се работи”, имајќи ги предвид состојбите и во други земји на ОБСЕ регионот.

Исто така, планирани се и средби со претставници на дијаспората на Северна Македонија во САД.

Слични содржини