Османи на Самит на шефови на држави и влади на Франкофонијата

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес учествува на 18-от Самит на шефови на држави и влади на Франкофонијата, што се одржува во островот Џерба, Тунис. Самитот се одржува под темата: Поврзувањето во разноликоста: дигитализацијата вектор на развојот и солидарноста во франкофонскиот простор.

„ Технологиите продолжуваат да се развиваат брзо и овозможуваат иновативни комбинации кои ја насочуваат дигиталната трансформација во нови и често непредвидени правци. Дигиталната трансформација влијае на сите аспекти на животот, економијата и општеството. Осмислувањето на политики во оваа област мора да земе предвид неколку можни идни сценарија, вклучувајќи ги и основните несигурности кои доаѓаат со нив, за да се осигура дека политиките што се спроведуваат денес ќе останат отпорни на промените што ќе се случат во иднина, а исто така и на непредвидените предизвици како што се здравствените кризи и сл. Јавните власти и останатите чинители мора заедно да осмислат заедничка дигитална иднина за да го подобрат животот на граѓаните и да го стимулираат економскиот раст на земјите во француското говорно подрачје и пошироко, без оглед на нивното ниво на развој, истовремено внимавајќи никој да не биде оставен сам на себе“, истакна Османи посочувајќи притоа и на „Националната стратегија за информатички и комуникациски технологии за периодот 2021 – 2025 година на Република Северна Македонија, во чии фокус се приоритетни области во ИКТ секторот и подготовка на земјата за сестрана и агилна дигитална иднина.

Самитот на франкофонијата за прв пат се одржува во северноафриканска арапска земја, каде учествуваа шефови на држави и влади на 88 земји од 5 континенти.

Османи, во рамки на Самитот оствари низа билатерални средби, како и бројни неформални средби со високи претставници, со кои разговараа за иднината на Франкофонијата и актуелните случувања во светот.

Слични содржини