Османи на средба со Брнз: Билатералните односи меѓу С.Македонија и САД се исклучително цврсти и пријателски

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз која, како што соопшти МНР, ја брифирал за најновите политички актуелности, со посебен фокус на активностите поврзани со европската перспектива на земјава во периодот што следи.

-Соговорниците ги оценија билатералните односи меѓу двете земји како исклучително цврсти и пријателски, засновани на стратешкото партнерство и членството во НАТО. Беше искажан заемен интерес за постојан политички дијалог и за натамошно унапредување на севкупната соработка, информираат од МНР.

На средбата, стои во соопштението, беше изразено задоволство од континуираната и клучна поддршка што САД ја даваат на Република Северна Македонија во насока на остварување на нејзините стратешки надворешно политички аспирации. Притоа Османи ја нагласи исклучително важната улога на САД во постигнувањето долгорочна стабилност, натамошна демократизација и просперитет на регионот, известуваат од МНР.

Во текот на разговорот Османи и се заблагодарил на Брнз за помошта од САД во борбата против пандемијата со КОВИД-19, како и во битката со актуелните шумски пожари.

Слични содржини