Османи најавува можна промена на структурата и составот на Мешовитата историска комисија

од Nikola Popovski

Подготвен сум да предложам да влеземе во разговор за можна промена на начинот на работа, а зошто не и структурата и составот на Мешовитата историска комисија“, изјавил во интервју за „БНТ“ министерот за надворешни работи, Бујар Османи

Според него, односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не треба да влегуваат во состојба на замрзнат конфликт.

-На македонскиот народ не му е толку јасно објаснето дека не преговараме за идентитетот и јазикот, истакнал Османи и додал:

-Говорот на омраза има два аспекта. Ние веќе не сме во сојуз со Југославија, но сакаме да влеземе во сојуз со Бугарија. Сите прашања во нашиот однос кон Бугарија, останати од времето на Југославија, мора да се корегираат, појаснил шефот на македонската дипломатија.

Слични содржини