Османи: Најважно е да имаме фер и демократски избори поради инегративниот процес

од Vladimir Zorba

Заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска од Државната изборна комисија изјави дека заложбата на оваа Влада е да има фер и демократски избори поради инегративниот процес на земјава.

– Наша заложба е процесот на избори да биде што пофер и без инциденти. Овој пат е најважно да имаме фер и демократски избори поради инегративниот процес. Одговорноста е во сите нас и овој пат сите треба да покажеме зрелост за овој процес да биде извршен безпрекорно, за да не оставиме црна дамка, изјави Османи.

Според него, С. Македонија се наоѓа во интегративен процес и дека овие избори се важни за продолжување на евроинтегративниот пат.

Избирачкиот список е кристално чист, фантоми нема, а ДИК ќе направи се претстојните парламентарни избори, кои ќе бидат под лупа на ЕУ, да ги спроведе на најдобар можен начин, без ниту една дамка, тврди пак првиот човек на Комисијата, Оливер Деркоски.

По средбата со членовите на ДИК, вицепремеирот Османи посочи дека претстојните избори ќе бидат тест за демократката и институционалната зрелост на земјава.

И.Р.

Слични содржини