Османи: Не гледам во опозицијата спремност да бидe носител на решавањето на спорот со Бугарија

од Берта Китинска

Јас сум претставник на ДУИ и морам да бидам предложен од Ахмети, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со составот на новата влада.

-Сепак тоа е одлука на партиите и ние сме именувани од нив . Јас сум претставник на ДУИ и морам да бидам предложен од Ахмети, да оставиме лидерите да ги кажат имињата, кажа Османи во Утрински Брифинг.

Во врска со предвремените избори Османи уште еднаш повтори дека потребно е да и се даде шанса на оваа влада да го заврши мандатот.

-Во изминативе 15 години ние сме имале 12 изборни циклуси.На граѓаните им се потребни респонсивни институции, имаме енергетска и здравствена криза сметам дека оваа влада треба да продолжи .Не гледам во опозицијата спремност да бидат носители на решавањето на спорот со Бугарија.Така би се блокирале себе си, вели Османи.

Слични содржини