Османи: Не ми се допаѓаат последните односи со Бугарија

од Stefanija Kuzmanovska

Не ми се допаѓаат последните односи со Република Бугарија и одредени ставови на политички партии. Тие така почнуваат, а потоа стануваат пречка за нашиот европски пат, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција која доаѓа после посетата на министерот на Софија и на балтичките земји.

Османи објасни што се имаат договорено со бугарскиот колега Милков.

„Се договоривме веднаш да ги активираме секторските работни групи, и тимови од двете министерства ќе направат календар за состаноци на работните групи пет на број, кои ќе се состануваат еднаш месечно. За еден настан се договоривме со Милков, а следниот календар ќе го одработат календарот и ќе се утврди истиот. Се договоривме уште во понеделникот да одржиме бизнис форум со Бугарија тука во Скопје, и очекуваме голем број бизнисмени од Бугарија да дојдат во Скопје, тука ние комуницираме со нашите компании и комори. Прво да одбележиме 1 милијарда евра трговрска размена годинава, односно се очекува да биде 1 милијарда, а веќе сме 800 милиони. И дополнително да се фокусираме на трговската размена. Да се утврди календар за чествување на заедничките историски личности, тие пет кои ги утврдивме за заеднички историски личности. За една личност веќе е јасно а тоа е 24 мај во Рим се чествуваат Свети Кирил и Методиј, останува само за Св. Климент, Св. Наум и Самоил и ќе треба да се почнат разговорите“, изјави Османи.

Слични содржини