Османи: Не смее да има прекин на разговорите со Бугарија

од Берта Китинска

Комуникацијата помеѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија продолжува и во овој период кога во Софија нема  влада, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи .

-Моја и наша одлука како Влада е дека заради тоа што нема влада во Бугарија не смее да има прекин на разговорите, бидејќи многу потешко ќе се надоврземе на тоа што е разговарано доколку оставиме поголем јаз на некомуникација. И затоа таа комуникација продолжува конктинуирано. Се разбира дека продолжуваат и напорите на ЕУ, па и на комесарот Вархеји, но и на земјите членки, пред се, на словенечкото претседателство кое има на некој начин и обврска да биде посредник во надминување на ова прашање. Така што ќе има такви средби во наредниот период, ќе има со нас, ќе има и со Република Бугарија. Ние ќе прдолжиме да работиме за изнаоѓање на решение. Сметаме дека е важно што побрзо да се затвори прашањето, рече Османи.

Слични содржини