Османи: Ние имаме коректен политички наратив, и тоа го докажуваме со негувањето на односите со Грција

По средбата со Никос Денидас, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изрази задоволство за развојот на добрите односи со соседна Грција и истакна дека од голема важност е блискоскта помеѓу соседите, кога станува збор и за евроинтегративниот процес на земјава.

„Мило ми е што ја стартував годината со посета на Грција. Ние имаме коректен политички наратив, и тоа го докажуваме со негувањето на односите со Грција. Во случаи кога Пандемијата во лоши размери ги напаѓа земјите, ние како добри соседи сме тука да помогнеме, се да направиме кога станува збор за човечкиот живот. Кога станува збор пак, за евроинтегративните процеси на С.Македонија ја очекуваме поддршката од нашиот сосед Грција, за тоа придонесуваат и меѓусебните добри односи помеѓу земјите. “

loading...

Слични содржини