Османи: Ние си имавме кандидат за премиер, Еленовски не е во игра

од Берта Китинска

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи гостуваше во вестите на Сител каде истакна дека преговараат со сите партии за што побрзо формирање на Влада и институции.

„ Првично разговараме со нашите сегашни партнери со кои бевме три години во коалиција, но не ја исклучуваме ниту опцијата на разговори со сите политички партии. Сметаме дека е здраво да се разговара со сите со цел да се разгледаат ставовите на сите политички партии за да се дојде до едно одржливо решение со цел побрзо формирање на институциите. Претседателот Ахмети го води овој процес и не ги исклучува сите политички партии во разговорите. Апсолутно не е точна информацијата дека Лазар Еленовски ќе биде премиер. Ние си имавме кандидат за премиер на изборите и таквите шпекулации се со намера да и наштетат на ДУИ и да му наштетат на процесот. Во моментот кога ќе има нешто конкретно, граѓаните ќе бидат информирани. Мислам дека постои едно оптимално решение, кое ќе биде во интерес на граѓаните и на државата“, рече Османи.

Слични содржини