Османи: Новото јуни е септември, нема поподготвена земја од нас за преговори за членство во ЕУ

од Nikola Popovski

„Црвените линии не биле спорни. Тие секогаш постоеле, како што се сега во Резолуцијата“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи, гостувајќи во дневникот на ТВ Сител.

Според него, на изборите во Бугарија во недела, најдобро за нас било формирање на институции.

„Се покажа дека техничката влада не ни помогна многу“, рече Османи, додавајќи дека има секојдневни разговори и комуникации со Словенија.

„Тие сериозно се посветени за прогресот на проширување на ЕУ преку Западен Балкан“, истакна тој.

Османи смета дека граѓаните не треба да живеат во надежи и калкулации.

„Ќе ги надминеме пречките, затоа што друга алтернатира за нас нема, тој е евроинтеграцискиот пат. Новото јуни е септември, ако не е септември, тогаш октомври. Ние ќе продолжиме и не се откажуваме. Нема поподготвена земја од нас за преговори за членство со ЕУ.

Слични содржини