Османи: Очекував македонските Бугари да се сретнат со мене, а не да одат во Софија или Брисел

од Nikola Popovski

Јас очекував средбата да биде со мене, а не во Софија или Брисел. Таа порака ја упатувам постојано. Државјаните на Македонија без разлика на која етничка припадност, имаат своја Влада и институции каде што можат да ги адресираат своите проблеми и прашања, вели шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи како одговор на прашањето дали наскоро се очекува негова средба со претставници на македонските Бугари.

Османи порачува дека е секогаш отворен да се сретне со било која група наши граѓани од било која етничка припадност.

-Останува таа можност постојано, но овие денови имаше влошување на таа комуникација со Бугарија и чекам да спласнат емоциите за да може да се продолжи со нормалната агенда која што државата ја има кон своите граѓани и државјани. Многу ни е важно пред светот да го изградиме имиџот како земја која има постигнато највисоко ниво на индивидувални и колективни права на сите граѓани. Толку макотрпно постигнато во таа цел. Тешко не погодува дека државата дискриминира некого по етничка основа, категоричен е Османи.

Минатата недела претставници на македонските Бугари во земјава, како и претставници на бугарските здруженија во Брисел остварија средба со еврокомесарот за проширување и соседство, Оливер Вархеји.

-Повеќе од 2 години се обидуваме да воспоставиме дијалог со властите во РСМ, но безуспешно. На еврокомесарот Оливер Вархеји му кажавме дека сме тука бидејќи нема дијалог меѓу претставниците на властите во РСМ и бугарската заедница во земјава. Иднината на РСМ е во ЕУ, но тоа не може да се направи на сметка на Бугарите кои живеат во земјава, објасниле претставниците после средбата со Вархеји.

Слични содржини