Османи од Брисел: С. Македонија недвосмислено ја поддржува Украина и нејзиниот народ

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи на С.Македонија, Бујар Османи му се заблагодари на високиот претставник за надворешна политика Жосеп Борел за поканата на состанокот на СНР, за првпат заедно со министрите за надворешни работи во формат Б6. Изрази надеж дека се воспоставува нова практика која ќе биде од корист за двете страни – ЕУ и Западен Балкан.

– Мислам дека на состанокот на СНР е поканет делот од сложувалката што недостасува за да биде Европа целосна, изјави Османи.

Времето е важно да се разговара, продолжи тој за нашата заедничка позиција во осудата на руската агресија врз Украина и покажаната солидарност кон Украина.

– Северна Македонија недвосмислено ја поддржува Украина и нејзиниот народ. Ја усогласивме нашата надворешна безбедносна политика 100% со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и мислам дека заедно сме посилна во осудата наруската агресија и солидарноста со Украина.

Слични содржини