Османи од Преспанскиот форум: Создадовме историја, наместо да бидеме заробеници

од Nikola Popovski

„Ние како генерација сме горди затоа што создаваме историја, наместо да бидеме заробеници на околности од пред 100 години. Ние сме генерација која што не дозволи да биде затвореник на судбината. Секако тоа доаѓа со своја цена и бара пожртвуваност и заложби, но најважното бара јасна визија за иднината“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи од Преспанскиот форум за дијалог.

Според него, токму ова е суштината на форумот.

„Никој од овие спогодби што ги потпишавме не излезе како арогантен победник или поразен. Тоа се спогодби кои што носат мир, просперитет и можност за напредок. Со помош на европските и американските пријатели, ние ги потпишавме трите договори кои ја утврдија оваа историја на успех, која ја споделуваме вечерва“, рече Османи.

Слични содржини