Османи од Приштина: Поддршка од С. Македонија за дијалогот меѓу Косово и Србија

од Nikola Popovski

Нашето пријателство создава стабилна и просперитетна иднина за нашите граѓани без разлика од која страна на границата се наоѓаат, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на официјалната посета на Република Косово каде се сретна со заменик-премиерката и министер за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала-Шварц.

Шефовите на дипломтиите на двете земји, на заедничка прес-конференција во косовското МНР ја отфрлија, како мошне опасна, секоја идеја за промени на границите во регионот и ја нагласија важноста на соработката меѓу соседите.

Одговарајќи на прашањето за наводниот словенечки нон пејпер за „конечно решавање“ на националните прашања во Западен Балкан преку промени на границите, Османи порача дека единствена алтернатива за регионот е неговото зачленување во НАТО и интегрирањето во Европската унија.

Во рамките на насоченоста кон градење отворен дијалог со сите земји од регионот, на Османи ја пренесе поддршката на Северна Македонија за дијалогот меѓу Приштина и Белград, како најдобар начин за надминување на разликите и изнаоѓање трајно решение меѓу двете земји, во интерес на граѓаните и регионот како целина.

„Нашата заедничка амбиција, за полноправно членство на сите шест земји од Западниот Балкан, претставува единствената алтернатива која обезбедува долгорочна стабилност и просперитет“, заклучи Османи.

„Северна Македонија очекува што поскоро формирање на Владата на соседна Бугарија, по што би се продолжило со заокружување на акцискиот план за соработка, а со тоа и зајакнување на билатералните односи и довербата меѓу Северна Македонија и Бугарија“, порача Османи.

Меѓу другото, за време на средбите начелно се разговараше и за парламентарната соработка и учеството на припадници на Армијата на Северна Македонија во рамките на мисијата на КФОР во Косово.

Слични содржини