Османи од Ватикан: Посакувам делата на љубовта на Мајка Тереза да продолжат

од Nikola Popovski

Денеска, кога ја празнуваме Мајка Терeза, ние се потсетуваме и на нејзиното наследство, на нејзиниот завет. И овој денешен настан во Ватикан е дел од исполнувањето на заветот, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој присуствуваше на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, во Ватикан што првпат е во заедничка организација на МНР и Светата Столица.

Тој ја повтори нејзината максима, која гласи: „Не можеме сите да правиме големи работи, но можеме да правиме мали работи со голема љубов“.

-Верувам дека единствениот вистински начин да ја покажеме нашата почит кон неа е ако го исполнуваме овој нејзин завет. Затоа посакувам делата на љубовта на Мајка Тереза да продолжат, покажувајќи со личен пример што значат милосрдието и човекољубието, онака како што тоа го чинеше светата Мајка Тереза, скопјанката Агнеза Гонџа Бојаџиу, напиша Османи на Фејсбук.

Тој додава дека младата Гонџа растела опкружена со сета етничка, верска, јазична и културна различност на Скопје, меѓу католичка и православна црква, муслиманска џамија и еврејска синагога.

Слични содржини