Османи: Околу 2.000 граѓани имаат нерешен статус на државјанство, 1.300 се Албанци

од Vladimir Zorba

Околу 2000 граѓани имаат нерешен статус на државјанство, од коишто 1300 се Албанци, другите се од другите етнички заедници. Прво е многу важно да се дефинира проблемот пред да се пристапи, бидејќи имаше шпекулации за 70 000, 40 000, 50 000 со цел темата да стане дел од добивањето на дневно-политички поени, а не решавање на судбини на граѓани, истакна на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање тој нагласи дека станува збор за 1300 нерешени апликации коишто од различни причини се се уште нерешени, дел поради бирократска инертност, дел поради погрешно интерпретирање на законите, и тие, како што рече, добро е да се решат.

Слични содржини