Османи: „Отворен Балкан“ е опасен, нема да дозволиме да се оствари

од Vladimir Zorba

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, тврди дека иницијативата „Отворен Балкан“ ја одложува европската интеграција на регионот и оценува дека оваа иницијатива е опасна, пишува приштински „Газета експрес“.

За време на нејзината посета на Германија, таа рече дека идејата на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев, да започнат иницијатива „Отворен Балкан“ е обид да се замени Берлинскиот процес, пренесе Танјуг.

Според неа, такво нешто е невозможно и Косово „нема да дозволи да се случи такво нешто“.

„Отворениот Балкан“ е опасен, ја одложува европската интеграција и се обидува да го замени Берлинскиот процес, што е невозможно и нема да дозволиме да се оствари“, рече Османи.

Рама во неколку наврати ги критикуваше косовските власти за неуспехот да се приклучат на иницијативата „Отворен Балкан“, велејќи дека косовските лидери ги следат теориите на заговор наместо да се приклучат на регионалните иницијативи.

Слични содржини