Османи: Партијата која на изборите ќе победи во албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците

од Ивана Рамаданова

Политичка партија што на парламентарните избори ќе победи во албанскиот блок треба да ја претставува волјата на Албанците, доколку победат партиите кои ќе направат предизборна коалиција и тие треба да влезат во власта, изјави вицпремиерот за европски прашања Бујар Османи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со можни предизборни коалициина партии од албанксиот блок со СДСМ.

„Една грешка е направена во 2006-2008  година кога во влада влезе партија која не ја претставува волјата на Албанците и тоа предизвика длабока политичка криза, брзи предвремени избори, блокирање на Собранието. Затоа што системот по Рамковниот договор не препознава поинакво претставување освен на тој што ја претставува волјата на Албанците. Доколку победат овие партии се разбира дека тие ќе влезат во власта, меѓутоа тој што ќе победи кај Албанците тој ќе ги претставува Албанците во владата“, истакна Османи.

Слични содржини