Османи: Погрешен пристап е доколку клубот „Ванчо Михајлов“ влезе во говор на омраза

од Nikola Popovski

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи смета дека е погрешен пристап да се воведе барање за бугарската страна да се воздржи од поддршка за клубот „Ванчо Михајлов“ и тоа да се третира како говор на омраза.

-Различните историски интерпретации не смееме да ги ставиме под говор на омраза. Под говор на омраза јасно кажува нашето законодавство што е – омаловажување поради карактеристики на човек или припадност во група. Ако го прошириме тоа во поглед на историски интерпретации, тогаш отвораме поле за такви ризици. Говорот на омраза не е поврзан со работата на Историската комисија, туку како владите да отворат можност за подобри односи меѓу граѓаните, меѓу бизнисите и двете држави. Очигледно е дека сме влезени во негативен тренд на односи, во кои што бираме што повеќе тешки зборови за другиот. Мораме да ставиме стоп на тавкиот тренд доколку сакаме да бидеме пријатели и сојузници во ЕУ. Овој потокол е потпишан под добра волја и за тоа во таков апсект треба да се видат одредбите во делот на следење на говорот на омраза. Во Бугарија исто така да се следи говорот на омраза, одговори Османи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во МНР.

Слични содржини