Османи посетил семејство на обвинет во „Монструм“ во својство на портпарол на ДУИ

од Vladimir Zorba

Вториот сведок на денешното рочиште за случајот „Монструм“, вицепремиерот Бујар Османи, пред судот изјави дека за настанот разбрал од телевизија наредниот ден.

На прашањето на обвинителката Фатиме Фетаи дали е точно дека после настанот бил во посета на семејствата на некои од обвинетите и za што се разговарало на тие средби, Османи изјави: „Бев кај семејството на Хаки Азири за да им ги пренесам ставовите на ДУИ во својство на портпарол“.

Незири прво имаше статус на заштитен сведок во случајот „Монструм“, потоа стана осомничен, за на крајот да заврши на обвинителна клупа заедно со другите обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.

И.Р.

Слични содржини