Османи повика на државен консензус во пресрет на преговорите со ЕУ

од Берта Китинска

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес-конференција рече дека иницирал состанок на лидерите на партиите со претседателот на државата, со цел земјата да се подготви за почеток на преговорите со ЕУ и изградба на заедничка политичка позиција.

„Преку Владата и координиран настап на претседателот, да почнеме процес на изградба на нашиот државен консензус за инклузивна постапка со вклученост на сите политички субјекти“, рече Османи.

Неговото барање за лидерска средба, рече, не е поврзано со конкретно прашање туку да се постигне еден консензус за позициите на земјата кои тој ќе треба да ги претстави на првата меѓувладина конференција.

Во наредните два дена се очекува на земјава да и биде доставен првиот нацрт на преговарачката рамка, што ќе биде доставен на земјите-членки за нејзино разгледување во рамки на телата на Советот на ЕУ. До крајот на месецот, во рамки на хрватското претседателство, се очекува верзија која ке ги вклучи и првичните ставови на членките на ЕУ, по што процесот продолжува во рамки на германското претседателство.

Слични содржини