Османи: Претседателството ќе донесе одлука деновиве

од desk2

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со потпретседателите и членовите на раководството разговара за понудата која ја добија од СДСМ за нова Влада, информира а1он.

Партискиот портпарол, Бујар Османи рече дека претседателството овие денови ќе донесе одлука за тоа дали ќе формира Влада со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

– Централното претседателство ќе се свика тогаш кога ќе имаме материјал по однос на прашањата кои ДУИ ги има поставено како услови без кои не се може, а еден од нив е и законот за официјална употреба на Албанскиот јазик. Предлогот на ДУИ не е почетна позиција за преговори, рече Османи

Претходно, ДУИ до СДСМ испрати предлог закон за употреба на јазиците, бидејќи како што рекоа од таму, не биле задоволни од предлогот кој Заев го достави до нив.

Иако од другите албански партии потписнички на Албанската платформа кажаа дека ќе ги дадат потписите за лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го добие мандатот, а потоа да предовараат за Влада, од ДУИ истакнаа дека очекуваат прво предовори и јасни ставови, а потоа потписи./извор а1он

loading...

Слични содржини