Османи: При крај сме со консултациите кого да испратиме да биде амбасадаор во Софија

од Берта Китинска

Mинистерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи рече дека државниот врв интензивно се координира за именување на нов амбасадор во Софија.

-Жално е што се уште немаме амбасадор во Софија. При крај сме со консултации и координаците на ниво на трите инстутуции, претседател, премиер и Министерство за надворешни работи за да определиме кандидат кој соодветно ќе одговори на мисијата, истакна Османи.

Слични содржини